сабота, 10.05.2008

  IDIVIDI Мени
foto.idividi.com.mk
Здравје / Медицина

Старите резервите на крв - смртоносни

Лицата врз кои се извршени хируршки зафати на срцето се изложени на поголем ризик од смрт доколку при трансфузија примиле крв постара од две недели, покажуваат најновите научни истражувања.

Американските научници од клиниката во Кливленд наведуваат дека учесниците во студијата претставуваат репрезентативен примерок за сите приматели на трансфузија на крв, пишува магазинот „New England Journal of Medicine“.

Во истражувањето учествувале 6,000 лица со просечна возраст до 70 години. Во САД е дозволено резервите на крв за трансфузија да се чуваат најмногу шест недели.

Научниците се уште не можат да откријат зошто резервите на крв постари од две недели се ризични за лицата на кои им прави операција на срце, но сметаат дека причината за ваквата појава може да е намаленото ниво на хемикалијата која е клучна за пренесување на кислородот, како и бавниот проток на црвените крвни зрнца.

(Д:Т)




Наjновo од Здравје
Магдоносот не е само зачин туку и лек
Што не тера да јадеме?
Предност на големиот задник
Воспалени синуси - антибиотици не
Дрвата ја намалуваат астмата кај децата
Како да издржете на диета
Екстремните диети го скратуваат животот
Полот ги диктира ризиците од Алцхајмер
Генетска терапија за враќање на видот
Трајна шминка - трајни проблеми
Домашните миленици го намалуваат стресот
Лекување на неконтролирано испуштање на урината
Скалпелот во нежната женска рака
За афти - плакнење со камилица
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
detsko zdravje
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи