Здравје / Медицина
Сексот и главоболката
Кога ќе се спомне сексот и главоболката, најчеста асоцијација, веројатно ви е женскиот изговор „не можам вечерва, ме боли главата“. Но, главоболката може да се јави и за време на сексот, како кај жените, така, па дури и почесто кај мажите.

Водењето љубов во принцип е еден од најубавите можни начини за уживање и релаксирање, а меѓу другото, веројатно и најпријатен лек против главоболка, најчесто поради хормонот на задоволството кој се излачува за време на сексот доаѓа до целосен прекин на главоболката. Понекогаш, сепак може да се случи спротивното, не многу пријатна појава. Главоболката се јавува за време на сексот и тоа токму поради сексуалниот однос. За што станува збор?
Се работи за појава под називот оргазмичка целафалагија, или народски кажано сексуална главоболка. Со оргазмичка целафалагија доаѓа поради стеснување на крвните садови во главата, што може да се случи непосредно пред оргазмот, и тогаш се чувствува остра болка. Ова може да им се случи и на мажите и на жените, но дамите се во предност, бидејќи оваа појава трипати почесто се јавува кај посилниот, отколку кај понежниот пол.

За среќа, без разлика колку е непријатна оваа појава, таа не се случува често. Тоа што пак е уште подобро, може да се спречи ( а не ви е потребен аналгетик за тоа!): се што треба да направите е да го забавите водењето на љубов, на раат да уживате и да не брзате да доживеете оргазам. Тогаш забрзаната работа на срцето и зголемениот крвен притисок, нормални појави за време на сексот, ќе бидат побавни, па крвните садови ќе имаат време да се прилагодат, поради што веројатноста од појава на главоболка е многу помала. Исклучок е ако оваа појава се јавува првпат: острата болка во главата за време на оргазмот може (иако не мора) да биде знак за излив на крв во мозокот, мозочен удар или тумор на мозок. Се препорачува да се консултирате со доктор. Иако ретко станува збор за некоја од овие појави, сепак не е лошо да се проверите и да сте сигурни.
Значи, за сите оние кои брзаат за време на сексот и се однесуваат како да се на спринт – ова е одлична причина за да забават, задоволството ќе трае подолго, а болките едноставно нема да се појават.
(Д.Т)
|