МВР билтен

Скопје, 1 април (МИА) - Полициската станица Гостивар поднесе кривична пријава против М.Ј.(28) од Гостивар за сторено кривично дело „разбојништво“. Пријавениот на 14 декември минатата година, во Гостивар на ул. „Иво Лола Рибар“, во казиното „Голд Гејм“ при игра на апарат изгубил поголем износ парични средства и се заканил на вработената М.А., по што од касата одземал 7.500 евра.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, неготинската полиција ќе поднесе кривична пријава против Ј.Ф.(17) од Неготино за сторено кривично дело „полов напад врз дете“. На 29 март, околу 15 часот, пријавениот откако повикал  петгодишно дете кое играло на улица да дојде во неговата куќа,  над него извршил полов напад.

Полицијата во Гостивар поднесе кривична пријава против Ф.Н.(31) од село Чегране, Гостиварско, за сторено кривично дело „давање лажен исказ“. Пријавениот на 21 јануари, во полициската станица Гостивар при вадење  нова патна исправа дал лажен исказ дека неговата исправа ја изгубил во Србија, иако таа му била одземена при влез во оваа држава поради сомнение дека е фалсификувана.

Кавадаречката полиција поднесе кривична пријава против Д.Т.(18) од Кавадарци за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 7 февруари, во Кавадарци при извршен преглед кај пријавениот се пронајдени 6,22 грама марихуана, која  имал намера дел да ја користи за свои потреби, а дел да ја продава на уживатели.

На магистралниот пат Штип-Радовиш вчера попладне се случила сообраќајна незгода во која Ц.А.(50) од Штип, управувајќи автомобил „опел аскона“ под дејство на алкохол, со возилото излетал од коловозот по што се превртело покрај патот. Во незгодата на лице место починала неговата сопатничка С.А.(48) од Штип, додека возачот се здобил со телесни повреди и е пренесен во Медицинскиот центар-Штип каде е задржан на  лекување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...