вторник, 01.04.2008

  IDIVIDI Мени
Здравје / Медицина

Потребни се само 10 минути вежбање

 

Состојбата на  здравјето може да се подобри со само 10 минути вежбање дневно.

Според американските истражувачи, секоја жена која вежба 10 минути дневно, значително го подобрува квалитетот на своето здравје- имаат повеќе енергија и изгледаат посреќно.

Ова истражување е меѓу првите истражувања направени на жени кои ја поминале фазата на менопаузата, кои се екстремно надвор од форма, но секако здрави, поради секојдневното вежбање.

Истражувањето покажало дека жените кои вежбаат од 10 до 30 минути дневно, имаат значителни подобрувања во кондицијата.

Истражувањето опфатило 430 жени, со помината менопауза, просечно на 57 години, кои припаѓале во една од трите групи: оние кои вежбаат по 70 минути неделно, со135 минути неделно и 190 минути неделно.

Четвртата група немала програм за вежбање и служела како контролна група.

На почетокот жените биле прашувани за здравствената состојба, за физичкото здравје, вклучувајќи болки и физички ограничувања и нивното ментално здравје, дали лесно подлежат на нервози, депресии, дали се смирени или среќни.

После шест месеци, дојдено е до заклучок дека жените кои спаѓале во највисоката група на вежби, покажале најголеми подобрувања на сите полиња од животот.

Дури и оние  во најниската група покажале значајни подобрувања на здравствената состојба, емоционалното здравје, виталноста и социјалното функционирање.

Жените во истражувањето просечно изгубиле меѓу 1.5 и 2,5 кг.

Овие промени во квалитетот на живеење не се водени од желбата за слабеење, туку од желбата за зголемување на активноста на телото.

(М.Ж)




Потребни се само 10 минути вежбање
Нова метода за лечење рак на дојка
Долгото седење ги уништува мускулите на грбот
Организмот - сам против себе
Човечкиот мозок - се уште енигма
Пролетта и вашиот организам
Трудниците без алкохол во првите три месеци
Антибиотиците не делуваат на воспалените синуси
Старите резервите на крв - смртоносни
Предолго пред компјутерот, штети на очите
Плодноста кај жената зголемена во пролет
Апел за дозвола на клонирањето
Со клонирани клетки против Паркинс
Французите пушат се помалку
Храната влијае врз квалитетот на спермата
Човечката кожа - штит од бактерии
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Курс по астрономија
detsko zdravje
Лига на шампиони ’07
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
МТnet WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright МТ - 2004
преземи