сабота, 10.05.2008

  IDIVIDI Мени
Здравје / Медицина

Домашните миленици го намалуваат стресот

Ако се соочувате со стресна ситуација, заменете го сопругот или сопругата за куче или мачка, препорачуваат истражувачите од Универзитетот Њујорк. Според нив, придружбата на некое весело куче или мачка што ви преде во скутот може да го спречи зголемувањето на крвниот притисок предизвикано од стрес, дури и кај оние луѓе што на работното место се изложени на голем стрес.


Истражувањето во кое беа вклучени 48 берзански брокери, кои земаат терапија за висок крвен притисок, покажа дека кај оние што имале домашно милениче за половина е редуциран бројот на случаи со висок крвен притисок поради стрес. Истражувањето покажало дека кај овие брокери крвниот притисок се зголемува и кога се соочени со имагинарна ситуација - односно биле замолени да одглумат ситуација кога треба да се бранат од обвинувања за крадење во продавница и да утешат клиент што на берзата загубил 86.000 долари поради лош совет на брокер.

Притоа крвниот притисок кај оние брокери што имале домашни миленичиња достигнал само половина од вредностите кои биле измерени кај другите брокери.

- Кај оние што имаат домашни миленичиња имаше 50% редукција во стресните реакции, вели д-р Карен Ален, раководителка на тимот. - Кога станува збор за стресни вербални или математички тестови, луѓето со домашни миленичиња се смируваат многу побрзо од другата група. Во таква ситуација, најлошо нешто што може да се случи е покрај вас да биде вашиот сопруг. Најдобро до себе е да го имате домашното милениче, вели таа.

Резултатите на истражувањето беа обелоденети на состанокот на Американската асоцијација за срце кога се дозна и дека придобивките од чувањето домашно милениче се еднакви и за мажите и за жените-брокери, без разлика дали имаат куче или мачка.

Кучињата и мачките, сепак, не можат да го намалат крвниот притисок толку колку што можат лековите, но помагаат да се редуцираат стресните реакции кои му штетат на срцето.

- Терапијата со лекови одлично влијае на крвниот притисок во нормални, но не и во стресни ситуации.


Наjновo од Здравје
Магдоносот не е само зачин туку и лек
Што не тера да јадеме?
Предност на големиот задник
Воспалени синуси - антибиотици не
Дрвата ја намалуваат астмата кај децата
Како да издржете на диета
Екстремните диети го скратуваат животот
Полот ги диктира ризиците од Алцхајмер
Генетска терапија за враќање на видот
Трајна шминка - трајни проблеми
Домашните миленици го намалуваат стресот
Лекување на неконтролирано испуштање на урината
Скалпелот во нежната женска рака
За афти - плакнење со камилица
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
detsko zdravje
Лига на шампиони ’07
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи