Здравје / Медицина
Полот ги диктира ризиците од Алцхајмер

Депресијата, кај жените и мозочниот удар, кај мажите се мега критичните фактори за развој на Алџхајмерова болест, тврдат француските научници. Истражувањето, спроведено врз 7.000 испитаници постари од 65 години сугерира дека факторите кои се особено поврзани со развојот на Алцхајмеровата болест не се подеднакво застапени кај двата пола. Така кај мажите како најважни фактори се зголемената телесна маса, дијабетес и пред се мозочниот удар. Мажите кои претрпеле мозочен удар имаат три пати поголеми изгледи за развој на Алџхајмерова болест. Кај жените пак, депресијата била поврзана со двапати поголеми изгледи за Алџхајмерова болест, а меѓуостанатите фактори се несоницата, лошото општо здравје и инвалидноста. Мозочниот удар кај жените воопшто не бил ризик фактор за појава на Алцхајмерова болест, наведуваат научниците во написот истражувањето, објавено во „Journal of Neurology Neurosurgery & Psychiatry“. (Д.Т)
|