сабота, 10.05.2008

  IDIVIDI Мени
Здравје / Медицина

Трајна шминка - трајни проблеми

Трајната шминка, односно своевидната тетоважа на усна, очни капаци и веѓи, на која во САД подлегнале над осум милиони жени може на подолг период, неколку години да го наруши, па и деформира лицето на пациентката која добила алергиска реакција по третманот.

Лекарите одамна знаат дека ваквото инјектирање на тату-пигменти може да предизвика алергиска реакција, а во 2004 година Американскиот институт за интрадермална козметика од Арилнгтон Тексас ги повлече од продажба своите производи за тетовирање „Premier pigments“ откако кај повеќе жени беа регистрирани повеќе негативни реакции.

Со цел да проверат колку може да трае непријатностите поврзани со трајната шминка, Масја Стретеманс и нејзините колеги од CDCP интервјуирале 92 жени кои после третманот со пигментско шминкање добиле алергија.

Повеќето од испрашаните жени изјавиле дека имале отоци и дека станале преосетливи на деловите каде била извршена интервенцијата, а честопати имале нагони за чешање. Таквата алергиска реакција траела од пет месеци до три години, а кај 68 отсто од испитаничките овие симптоми се уште биле присутни.

Според соопштението на одделението за козметика и бои при американската Управа за храна и лекови (FDA) ретки се извештаите за алергиски реакции на пигменти за тетовирање, но кога ќе дојде до ваква реакција може да настанат големи проблеми бидејќи тешко се отстрануваат.

Освен тоа, алергиската реакција може да се јави и по неколку години по третманот.

(Д.Т)




Наjновo од Здравје
Магдоносот не е само зачин туку и лек
Што не тера да јадеме?
Предност на големиот задник
Воспалени синуси - антибиотици не
Дрвата ја намалуваат астмата кај децата
Како да издржете на диета
Екстремните диети го скратуваат животот
Полот ги диктира ризиците од Алцхајмер
Генетска терапија за враќање на видот
Трајна шминка - трајни проблеми
Домашните миленици го намалуваат стресот
Лекување на неконтролирано испуштање на урината
Скалпелот во нежната женска рака
За афти - плакнење со камилица
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
detsko zdravje
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи