Здравје / Медицина
Дрвата ја намалуваат астмата кај децата

Американските научници откриле дека децата кои живеат во подрачја каде има многи дрва помалку заболуваат од астма, пишува стручниот магазин „Journal of Epidemiology and Community Helath“. Студијата покажала дека дрвата може да имаат важна улога во спречувањето на астмата, со оглед на тоа што е откриено дека во подрачјата со повеќе дрва мала е стапката на децата кои боледуваат од оваа респираторна болест. Научниците ги проучувале четиригодишните и петгодишните деца во 42 подрачја на Њујорк, како и оние кои се помали од 15 години, а се хоспитализирани поради астма. Кога направиле споредба на стапката на заболените од астма и на бројот на дрва во подрачјата, истражувачите заклучиле дека на секои 343 дополнителни дрва на квадратен метар, стапката на деца заболени од астма опаѓа за една четвртина. „Дрвата може да помогнат во спречување на појавата на астма, децата повеќе си играат надвор во пределите каде има повеќе дрва, а тие пак придонесуваат за подобар квалитет на воздухот“, заклучиле научниците. (Д.Т)
|