сабота, 10.05.2008

  IDIVIDI Мени
Здравје / Медицина

Воспалени синуси - антибиотици не

Антибиотиците не се првата и вистинска помош за инфекција на синуси, бидејќи нејзин причинител честопати се вирусите, а не бактериите, заклучиле швајцарските експерти од Универзитетската болница во Базел.

Лекарите честопати не прават разлика меѓу вирусен и бактериски облик на ова заболување, па неретко се случува да препишат антибиотици „за секој случај“. Во САД, секое трето лице со инфекција на дишниот тракт добива дијагноза за акутен риносинуситис.

На пациентите не треба да им се препишуваат антибиотици дури и кога се жалат на затнат нос, отечени синуси и главоболка која не минува ни по десет дена, тврди истражувачот Џим Јанг.

Истражувањето, направено на над 2.547 пациенти со симптоми на синуситис покажало дека секој шеснаесетти од нив бил лечен со антибиотици. Кај пациентите кои исфрлаа шлајм процентот бил уште поголем, секој деветти реагирал на антибиотици.

Според швајцарската студија „магичната“ граница за избор на третман е десет дена. Доколку тешките симптоми не исчезнуваат и по овој период, на пациентите треба да им се препише антибиотик

Така и пациентите кои инаку се здрави треба подобро да ги следат симптомите и да не посегнуваат по антибиотици во првите десет дена.

„Антибиотиците не помагаат при синуситис, а таквата терапија носи и дополнителни трошоци,  попратни ефекти и создавање на отпорност на тие лекови“, предупредува Јанг.

(Д.Т)




Наjновo од Здравје
Магдоносот не е само зачин туку и лек
Што не тера да јадеме?
Предност на големиот задник
Воспалени синуси - антибиотици не
Дрвата ја намалуваат астмата кај децата
Како да издржете на диета
Екстремните диети го скратуваат животот
Полот ги диктира ризиците од Алцхајмер
Генетска терапија за враќање на видот
Трајна шминка - трајни проблеми
Домашните миленици го намалуваат стресот
Лекување на неконтролирано испуштање на урината
Скалпелот во нежната женска рака
За афти - плакнење со камилица
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
detsko zdravje
Лига на шампиони ’07
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи