Здравје / Медицина
Екстремитетите и деменцијата
 Американските научници од Тифтс универзитетот тврдат дека лицата со пократки раце и нозе имаат поголеми изгледи да имаат проблеми со помнењето во подоцнежниот период од животот, објави стручниот магази „Neurology“. Резултатите од пет годишното истражување, спроведено на 2.798 лица со просечна старост од 72 години, сугерираат дека жените кои имаат најмал распон на рацете имаат за 50 отсто поголем ризик за деменција и Алцхајмерова болест, во споредба со припадничките на понежниот пол кои имаат поголем распон. Исто така, изгледите за деменција биле поголеми кај жените кои имале помало растојание меѓу коленото и стапалото. Кај мажите пак малиот распон на рацете бил поврзан со поголем ризик од деменција, велат истражувачите. Научниците велат дека уште претходните студии укажувале оти влијанието на средината во раното детство е поврзана и со хроничните болести во подоцнежните фази од животот. Експертите додаваат дека пократките екстремитети може да бидат знак и за слаба искрана во детството, што пак влијаело врз развојот на мозокот.
|