Здравје / Медицина
Гени што го зголемуваат шеќерот

Научниците откриле секвенца од ДНК-та која влијае врз нивото на шеќерот во крвта, пишува познатиот магазин „Science“. Студијата, со која се испитувал генетскиот код на лицата кои не боледуваат од шеќерна болест и имаат нормално ниво на шеќер во крвта открилa дека мутацијата која се случува во три гена делумно може да биде објаснувањето зашто некои луѓе имаат ниско или високо ниво на шеќер во крвта. Се смета дека мутацијата на гените познати под името G6PC2 или IGRP го блокира делувањето на протеинот глукокиназе кој го поттикнува лачењето на инсулинот кој е задолжен за регулирање на нивото на шеќерот во крвта. „Тие секвенции објаснуваат околу пет отсто од нормалните варијации во нивото на шеќер во крвта кај здравите луѓе. Пет отсто можеби не звучи многу, но за комплексни особини тоа е многу. На висината на пример влијаат стотина различни гени“, вели доктор Роберт Сладек, истражувач од медицинскиот факултет „McGil“. Опасно високото ниво на шеќер може да доведе до сериозни компликации и развој на болести на срцето, оштетување на нервите, очите и бубрезите. Д.Т
|