вторник, 13.05.2008

  IDIVIDI Мени
Здравје / Медицина

Психата на родителите и аутизмот кај децата

Децата на родители кои боледуваат од шизофренија имаат двапати поголем ризик да развијат аутизам, откриле американските научници од Универзитетот во Северна Каролина.

Предводничката на студијата Џули Дејвис исто така наведува дека е забележана одредена поврзаност на депресијата на родителите и нарушената личност на мајката со појавата на аутизмот.

Аутизмот е пореметување кое се рефлектира со оштетена социјална интеракција и комуникација.

Се уште не се знае која е причината за ваквата појава, но научниците сметаат дека важна улога имаат неколку гени и средината. Претходните истражувања укажале дека кај семејствата кај кои децата имаат аутизам, родителите имаат одредени психички пореметувања.

Најголема поврзаност меѓу психичките состојби на родителите и аутизмот кај децата се покажала кај шизофреничните родители, додека послаба кај родителите кои страдаат од депресија или кај нарушената личност на мајката. Најмала поврзаност е регистрирана кај родителите зависници.

Студијата за поврзаноста на психијатриските болести на родителите и аутизмот на нивните деца може да помогне при насочување на идните истражувања кон генетските фактори и кон средината која влијае на појава на оваа болест.

(Д.Т)




Наjновo од Здравје
Акриламидот предизвикува рак на бубрези
Психата на родителите и аутизмот кај децата
Гени што го зголемуваат шеќерот
Природата ни нуди детоксикација
Екстремитетите и деменцијата
Жените јадат поздраво од мажите
Магдоносот не е само зачин туку и лек
Предност на големиот задник
Воспалени синуси - антибиотици не
Дрвата ја намалуваат астмата кај децата
Полот ги диктира ризиците од Алцхајмер
Генетска терапија за враќање на видот
Трајна шминка - трајни проблеми
Домашните миленици го намалуваат стресот
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
detsko zdravje
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи