Здравје / Медицина
Дешифрирање на кашлицата

Кај појавата на кашлицата важно е да се одреди колку долго трае, дали се јавила одеднаш, дали е придружена со болки во градите или грлото, се зголемува ли при промена на положбата на телото или постојат и некои други болести кои може да предизвикаат појава на кашлица (на пример, болести на срцето).
Кашлицата може да се јави и како нус појава при земање на некои лекови (за лепење на хипертонија). Потребно е да се знае од каков карактер е кашлицата: дали е сува, надразнувачка, се зголемува кога сте изложени на ладен воздух... Утринската кашлица и искашлување може да се карактеристика на хроничен бронхитис.
Напади на кашлица, кои се зголемуваат при изложеност на ладен воздух може да говорат за астма. Кашлицата која долго трае може да биде прв симптом за потешка болест на респираторниот систем. Секако, потребен е детален преглед во најблиската амбуланта за пулмологија, така нема да губите време и ќе утврдите за која болест станува збор.
(Д.Т)
|