Здравје / Медицина
Со доење против артритис
Жените кои доеле најмалку една година имаат за 50 отсто помали изгледи да заболат од реуматски артритис, откриле шведските научници.
Споредувајќи ги податоците собрани од 136 жени со реуматски артритис со податоците од 544 здрави испитанички, научниците од универзитетот во Малме утврдиле дека жените кои доеле помалку од една година во просек имаат 25 отсто помал ризик за реуматски артритис.
Резултатите, кои ги објави магазинот „Annals of Rheumatic Diseases“, сугерираат дека мајчинството само по себе нема заштитно влијание врз реуматскиот артритис.
Веќе е познато дека жените имаат двојно поголем ризик за реуматски артритис отколку мажите.
Научниците не успеале да го откријат механизмот кој би ги објаснил добиените резултати, а дополнително ги збунил фактот дека доењето придонесува за зголемено излачување на пролактин, хормонот кој го стимулира имунолошкиот систем, а кој истовремено може да ги зголеми изгледите за развој на реуматски артритис.
Со студија, исто така е утврдено дека користењето на апчињата за контрацепција не го намалуваат ризикот за реуматски артритис.
(Д.Т)
|