петок, 16.05.2008

  IDIVIDI Мени
Здравје / Медицина

Вакцината против менингитис Б делува

Охрабрувачки се резултатите од клиничкото тестирање на потенцијалната вакцина против менингитис Б, соопштија британските научници.

Вакцината МенБ на фармацевтскиот гигант Novartis досега е тестирана на 150 бебиња во Британија.

Менингитисот Б е причина за илјадници смртни случаи, а кај луѓето кои ќе го прележат може да остави и трајни последици. За сега е неверојатно тешко да се произведе соодветна вакцина против овој тим на менингитис, пред се поради бројните варијации на вирусот.

Иако резултатите од тестирањето се охрабрувачки, научниците велат дека се уште се далеку од изнаоѓање на вакцина која ќе штити од сите варијации од менингитис Б.

Менингитисот преставува воспаление на мембраната која го покрива мозокот и ’рбетниот мозок.

Досега, со програмата за имунизација на децата се опфатени три вакцини кои штитат од најчестите облици на менингитис, а тоа е Hib, pneumococcol и менингитис Ц. Вакцините се примаат во првата година од раѓањето. Но, за сега се уште не е пронајдена вакцина пртов менингитис Б, кој пак е еден од најбројните причини за воспалување на мозочната мембрана.

„Novartis“ при развивањето на потенцијалната вакцина испитала 85 вида на менингитис Б.

Потенцијалната вакцина содржи бактериски протеин, или антиген кој се среќава кај повеќето видови на менингитис Б.

„Прелиминарните резултати укажуваат дека вакцината ги убива сите видови кои го содржат антигенот на вакцината“, вели др. Реј Бароу, кој го предводи истражувањето.

Децата со потенцијалната вакцина биле имунизирани во вториот, четвртиот и шестиот месец од раѓањето, а последната четврта доза ја добиле во 12 месец.

Вакцината успеала да предизвика имунолошка реакција против три вида на менингитис Б. Еден месец после третата доза имунолошкиот систем реагирал против трите видови на менингитис Б кај 89, 96, и 85 отсто од бебињата.

Четвртата доза, која се давала во 12 месец од раѓањето резултирало со имунолошка реакција кај 100, 98 и 93 отсто од тестираните деца.

„Овие иницијални резултати од Британија покажуваат дека вакцината предизвикува имунолошка реакција против видовите на менингитис кои се опфатени со вакцината. Следниот чекор е да се најде вакцина која ќе  делува против сите видови на менингитис Б“, вели др. Ендру Полар, кој учествувал во студијата.

(Д.Т)




Наjновo од Здравје
Тофу за здравје
Вакцината против менингитис Б делува
Со доење против артритис
Од голем стомак до деменција
Вегетаријанците се подобри љубовници
Отровот од шкорпија - надеж за заболените од рак
Генот поврзан со прееклампсија
Дешифрирање на кашлицата
Психата на родителите и аутизмот кај децата
Гени што го зголемуваат шеќерот
Екстремитетите и деменцијата
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
detsko zdravje
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи