сабота, 17.05.2008

  IDIVIDI Мени
Здравје / Медицина

Чајот го чува мозокот

Една чаша чај дневно помага за забавување на дегенерацијата на мозочните клетки и помага при одржувањето на бистар ум во постари години, покажала една сингапурска студија.

Професор Нг Че Пин и неговите колеги од сингапурскиот Национален универзитет, после четиригодишно проучување на дејството на оваа напивка, заклучиле дека не е важно каков вид на чај се пие, секој е добар.

Сингапурските експерти откриле дека катехините, природна состојка на чајот, ги штитат мозочните клетки од наталожување на штетни протеини, кои во спротивно со текот на годините ќе почнат да влијаат на когнитивните функции на мозокот. За разлика од кофеинот од кафето, чајниот кофеин содржи природен проетин теанинм кој ги неутрализира вообичаените појави од неговото консумирање, а тоа се зголемен крвен притисок, главоболка, замор...

Дегенерацијата на мозочните клетки, која настанува поради комбинација од губење на нервни клетки, генетски предиспозиции, мали мозочни удари и наталожување на протеини, често води до деменција.

Тимот на сингапурски хаучници го истражувале дејството на чајот кај 2.501 Кинез, на возраст 55 и повеќе години. Тие го испитувале општото здравје, распонот на внимание, употребата на мајчиниот јазик, визуелните и просторните способности.

Околу 38 отсто од испитаниците не пиеле чај, 20 отсто пиеле само еден вид на чај, а останатите пиеле чаеви од различни врсти.

Две години после отпочнувањето на истражувањето, две третини од испитаниците кои пиеле чај демонстрирале исто ниво на способности. Кај испитаниците кои не консумирале чај, 35 отсто од нив по две години дале за два поени послаби резултати, што значи дека кај нив дошло до опаѓање на умствените функции.

Сингапурските научници, сепак предупредуваат дека се' не е во чајот, туку дека за зачувување на мозокот потребно е во текот на целиот живот да негувате добри навики и урамнотежено да се храните.

(Д.Т)




Наjновo од Здравје
Чајот го чува мозокот
Марихуаната придонесува за срцев и мозочен удар
Тофу за здравје
Вакцината против менингитис Б делува
Со доење против артритис
Од голем стомак до деменција
Вегетаријанците се подобри љубовници
Отровот од шкорпија - надеж за заболените од рак
Генот поврзан со прееклампсија
Дешифрирање на кашлицата
Психата на родителите и аутизмот кај децата
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
detsko zdravje
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи