Здравје / Медицина
Ракот на дојка и соочување со психичките кризи

Жените заболени од рак на дојка најчесто не се доволно информирани и не знаат дали би било подобро доколку хируршки им се отстрани целата дојка или дел од неа.
Соочени со сознанието дека боледуваат од рак на гради, жените не само што се во страв за сопствениот живот, туку минуваат и низ тешки психички кризи, кои се последица на фактот што со операцијата ќе изгубат цела или дел од дојката.
Дали е подобро да се отстрани целата дојка со околното мускулно ткиво или да се отстрани само ткивото кое е зафатено од туморот и како да се сочува дојката? Кој зафат нуди најдобри шанси за закрепнување и излекување?
Дури половина од жените кај кои е дијагностициран ран стадиум на рак на дојка јасно ги разбираат ризиците и ползата од мастектомија (потполно отстранување на дојката) и лумпектомија (отстранување на дел од дојката), покажало истражувањето на американските научници, спроведени врз 1.132 жени.

При лумпектомија се отстранува само туморот, туморот на дојката и дел од здравото ткивото кое ја опкружува. Треба да се нагласи дека при оваа процедура задолжително се прави и лимфатенектомија, односно отстранување на лимфните јазли од пазувната јама
Само 51 отсто од жените знаат дека ист е процентот за преживување после мастектомија или лумпактомија, во комбинација со зрачење. Необразованите и постарите жени, покажале дека не се информирани.
Жените кои се соочуваат со рак на дојка задолжително треба да поставуваат прашања пред да се одлучат за некој од опциите. Би требало навистина добро да ги сфатат причините поради кои лекарот препорачува еден од зафатите, или зошто е против.
Зафатите зависат и од големината и од проширеноста на туморот, инфекцијата на кожата, подвижноста на туморот во споредба со градните мускули, како и односот на големина меѓу туморот и дојката. Локалниот раст на карциномот во длабинското ткиво на дојката и зафаќањето на големиот граден мускул, како и на брадавицата, во споредба со ширењето во лимфните јазли се случува многу побавно. Оттука е и можноста за ограничување на радикални зафати и воведување на техника за зачувување на дојката. На овој начин, со намалување на радикалноста на зафатите и со индивидуална терапија се постигнуваат добри козметички резултати, кои пак го намалуваат психичкиот шок поврзан со дијагнозата рак на дојка.
Д.Т
|