четврток, 08.01.2009

  IDIVIDI Мени
Здравје / Медицина

Кариесот се јавува и кај бебињата

Слатките, шишенцата, цуцлите, сето тоа влијае кај малите деца да се јави кариесот. Здравите заби се особено важни за општото здравје на децата. За жал, расипаните заби покрај тоа што болат, може да предизвикаат и сериозни последици. Кариесот или расипаните заби настануваат како последица на разложување на забната глеѓ, а понекогаш и на дентинот. Споменатите забни компоненти омекнуваат како последица на дејствувањето на микроорганизмите врз забниот плак.

Сето тоа може, да им се случи и на детските млечни заби, почнувајќи од шестиот месец, па се до шестата година од животот на детето, кога се појавуваат првите стални заби. Поради тоа особено е важна хигиената на овие први заби.

Виновници за кариес

Храна – За да детето навечер полесно заспие во шишенце му давате чај, млеко или омилениот сок. Секако дека после тоа нема миење на забите, што претставува совршена подлога за развивање на бактерии и создавање на кариес.

Кариес шишенце – Овој кариес особено брзо се развива кај малите деца кои редовно пред спиење или пак  во текот на ноќта пијат млеко или сок од шишенце со цуцла. Овој кариес прво се зафаќа на горните заби – секачи и брзо се шири на останатите млечни заби во горната, а подоцна и на долната вилица.

Циркуларен кариес – Овој кариес го предизвикува бактеријата од родот sterptoccocus mutans, која инаку е основниот предизвикувач на разложувањето на забниот плак. Во забниот плак бактериите ги преработуваат шеќерите кои им се неопходни за нивната исхрана, а како нус појава е таложењето на органските киселини. Овие киселини делуваат на површината на глеѓта, со што ја нарушуваат рамнотежата на механизмот за разградување и повторно создавање на минералната решетка. Како последица на тоа, минералите се извлекуваат од глеѓта, таа слабее, ја губи својата провидност и на крајот пука. Разорувањето се одвива кружно, поради што и се нарекува циркуларен кариес.

Хигиена

Родителите би требало од шестиот месец на бебето со памук и вода да му ги мијат забите. Постепено како што детето расте треба да почнат да користа четка за заби, па и паста за заби. Веќе од петтата година детето со надзор на родителот треба после секој оброк да ги мие забите. На таа возраст ништо не може да го замени класичното миење на забите, а особено не јадењето јаболка или слично.

Кога на забар

Што ќе забележите бели дамки на секачите, особено е важно да го посетите забарот. Без интервенција од забарот, забите делумно почнуваат да се расипуваат, што доведува до воспала и силна болка.

Кариесот може да се јави уште во најмалата возраст на детето, да речеме околу третата година од животот. Забарот со асистенција од родителот треба да го отстрани, бидејќи ако се прошири на поголема површина од млечниот заб може да дојде до воспалување на нервот на забот, па дури и до некроза и гангрена, бидејќи млечните заби се витални се до шестата година.

После шестата година излегуваат првите катници, одредени млечни заби паѓаат, а повеќето млечни заби ја губат својата виталност, пред се поради постепената ерупција, односно израснување на останатите трајни заби. Затоа се случува, иако се расипани, млечните заби во поголема возраст и да не болат. Честопати овие расипани млечни заби случат како чувари на просторот на трајните заби, се додека тие не си го заземат своето место. Последните млечни заби се губат околу 11-тата година од животот, а некогаш остануваат и подолго.

(Д.Т)




Наjновo од Здравје
Кафе за здрав црн дроб
Киви-лек против висок притисок
Немирниот сон поврзан со Паркинс
Коска во инјекција
Грипот ги напаѓа луѓето на диета
Бремена жена со две матки во себе
Многу мислење може да ве направи дебели
„Паметно апче“ за подобро учење
Идентификувани поттикнувачите на автоимуните болести
Недостигот на витамин Д поврзан со детскиот дијабетес
Кинезите склони кон рак на белите дробови
И неколкуте екстра килограми се штетни
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
detsko zdravje
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи