Здравје / Медицина
Болки кои не смее да ги игнорирате

Можеби некои болки се толку слаби, што може да помислите дека не е ништо страшно, но тоа чувство на непријатност може биде само еден од начините на кои телото ви вели дека нешто не е в ред.
Болки во градите, грлото, рамената, рацете и абдоменот
Болките во градите може да се последица на воспаление на белите дробови или пак предзнак за срцев удар. Кардиолозите предупредуваат дека срцевите болести, по правило се јавуваат како непријатност, а не болка. Лицата со срцеви проблеми чувствуваат притисок во градите. Непријатноста врзана со срцевите болести може да се манифестира како болка во левото рамо, рака или на усната.
Болки во долниот дел на грбот и лопатката
Најчесто се знак за артритис, но постои можност да се и предзнаци на срцев удар или абдоминални проблеми. Една од опасностите е дисекција на аорта , која се јавува како досадна болка.
|