вторник, 03.06.2008

  IDIVIDI Мени
Избори 2008
Здравје / Медицина

Синдром на вознемирени нозе

Една десетина од светската популација страда од таканаречениот „синдром на вознемирени нозе“ – невролошко нарушување кое го отежнува седењето или лежењето кое трае подолго време.

Тоа нарушување, кое го утврдиле американските невролози честопати се јавува во текот на ноќта, што го отежнува спиењето. Но, резултатите од две нови истражувања укажуваат дека корените на овој проблем треба да се барат во генетиката.

Колкумина од нас сакаат добро да спијат? Доколку честопати се будите или не спиете добро во текот на ноќта, причина за ваквата појава може да биде генетиката.

„Тешко е да бидете добро расположени, посебно кога не спиете добро“, вели Лин Кајзер, која страда од оваа нарушување.

Доктор Џон Вилкенман, директор на Центарот за истражување на сонот и сонувањето, при медицинскиот факултет во Бостон ги опишува најчестите симптоми.

„Зголемена неудобност и потреба во текот на ноќта да постојано се менуваа положбата на нозете“, вели Вилкенман.

Двете нови истражувања, спроведени во Исланд и во САД покажуваат дека овој проблем не е измислен, туку наследен со генетските варијации. Но, како гените влијаат врз одредени реакции во мозокот, се уште е непознато. Научниците исто така веруваат дека недостатокот на железо во организмот влијае на производството на допаминот, невротрансмитер во централниот нервен систем, со кој се контролираат движењата и осетливоста. Истражувачите се уверени дека откривањето на генетската поврзаност ќе може да помогне во изнаоѓање на ефикасен лек за болните.

Тоа би можело да биде добра вест за лицата како Кајзер кои сакаат, како што вели и самата „јас да го контролирам нарушувањето, а не тоa мене“.


Наjновo од Здравје
Синдром на вознемирени нозе
Болки кои не смее да ги игнорирате
Долгата редица за операција на вишок килограми
Млекото ја намалува телесната тежина
Диета за болестите на црниот дроб
Како да живеете со низок притисок
Пицата извор на антиоксиданси
Кариесот се јавува и кај бебињата
Ракот на дојка и соочување со психичките кризи
Црното вино ја намалува опасноста од заболување на црниот дроб
Исправеното седење лошо за грбот
Откриена причината за “вселенската болест“
Синуситис - ваш ноќен кошмар
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
detsko zdravje
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи