понеделник, 09.06.2008

  IDIVIDI Мени
Избори 2008
Euro 2008
Здравје / Медицина

Храна која ќе ве откаже од пушењето

За пушачите се карактеристични постојаните обиди да се прекине оваа навика, кои најчесто завршуваат неуспешно. Затоа обидете се со правилна исхрана да ги ублажите лошите ефекти од пушењето врз вашето здравје. Потребите во исхраната се разликуваат од човек до човек, во зависност од начинот на живеење и од општата здравствена состојба. Пушењето, како штетна навика, која за жал ја практикуваат дури и многумина млади, е најчест причинител на голем број тешки заболувања, кои се јавуваат во подоцнежниот живот.

Ако пушите, најдобро нешто што може да сторите за себе е веднаш да ги откажете цигарите. Доколку не сте спремни на таков радикален чекор, обидете се до некаде да го смалите ризикот од развој на заболувања предизвикани од пушењето. Со правилен избор на прехранбените продукти може да ги намалите негативните ефекти од пушењето. За жал, не постојат витамински или други моќни препарати и продукти, кои може целосно да ја елиминираат штетата што си ја нанесувате себеси секој пат кога палите цигара.

Пушењето го троши витаминот Ц од организмот

Токму така. Со пушењето се намалува концентрацијата и количеството витамин Ц, кој штити од канцер и од срцеви заболувања. Како пушач вие сте изложени на многу поголем ризик од развој на потенцијално смртоносна болест. Секоја цигара што ќе ја испушите уништува 25 до 100 милиграми од овој исклучителен важен витамин.

Затоа, за да избегнете недостиг од витамин Ц, за секоја цигара што ќе ја испушите изедете по едно парче овошје или зеленчук богат со овој витамин.

Размислувајте вака: 1 портокал (70 мг витамин Ц) = 1 цигара,  1 црвена слатка пиперка (180 мг витамин Ц)= 2 цигари. Ќе бидете толку зафатени со јадење што нема да имате време за цигари, а можеби и ќе престанете да пушите. Тука мора да ги споменеме јагодите, кои се одлични за пушачите. Не само што изобилуваат со витамин Ц, туку се богати и со елагинска киселина - уништвач на канцерогените соединенија што прават пустош во белите дробови.

Консумирајте продукти богати со бета каротин

Некои научни испитувања нагласуваат дека бета каротинот на пушачите им нуди извесна заштита од канцер. Многу продукти што содржат витамин Ц, како прокељот и мангото, во себе содржат и солидно количество бета каротин, но и противканцерогени соединенија.

Внимавајте при консумирње алкохол. За многумина претераното уживање во алкохолот и пушењето може да претставува смртоносна комбинација. Не треба да заборавите да внесувате доволно антиоксиданти како што се витаминот Е, кој може да го спречи создавањето канцерогени промени во клетките.

Внимавајте на холестеролот

Обидете се постојано да ги држите под контрола и другите фактори на ризик од срцеви заболувања. Не дозволувајте нивото на холестеролот и триглицеридите во крвта да ја андминат дозволената граница. Внимавајте на крвниот притисок, кој треба да биде во границите на хормалата.

Практикувајте редовни вежби, но без исцрпување. Срцето и белите дробови на пушачите не треба да бидат оптоварени со преголеми напори. Кога ќе почнете повеќе да обрнувате внимание на себе, ќе бидете и помотивирани да се одвикнете од смртоносната навика - пушењето.


Наjновo од Здравје
Храна која ќе ве откаже од пушењето
Напорот го отстранува масното ткиво
7 нови правила против маснотиите во крвта
Забни инпланти - скапо, но трајно решение
Диета со грозје
Природни напивки за разладување
Со алкохол против артритис
Ладната вода сепак најдобра за изгореници
Синдром на вознемирени нозе
Болки кои не смее да ги игнорирате
Долгата редица за операција на вишок килограми
Како да живеете со низок притисок
Кариесот се јавува и кај бебињата
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
detsko zdravje
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи