Здравје / Медицина
Црните пломби штетни за здравјето?

Последните истражувања на британските научници покажале дека амалгамските пломби содржат опасна жива
Сепак, олеснителна околност, како што велат експертите е тоа што живата во комбинација со другите материјали, како што е бакарот, среброто и цинкот, станува безопасна, а токму тие комбинации се употребуваат за зацврстување на амалгамските пломби.
Експертите исто така тврдат дека околу 90 отсто од живата се кондензира во белите дробови, што доведува до отежнато дишење, оштетување на бубрезите, на црниот дроб, желудникот и оти е најопасна кога ќе допре до мозокот, бидејќи е невротоксична.
Сепак, стоматолозите тврдат дека навистина 90 отсто од материјалот во амалгамските пломби го сочинува среброто и дека до сега не е докажано штетното дејство на овие пломби врз човекот.
Стоматолозите во Германија со години го истражуваат овој проблем и до сега не нашле некои поголеми или штетни концентрација на живата, па дури ни кај лицата кои имаат многу амалгам во устата. Но, во Скандинавските земји е речиси забрането на трудници да им се ставаат старите црни пломби.
На крај, изборот меѓу црни и бели пломби се остава на самиот стоматолог, кој доколку не е совршено вешт најчесто ја избора црната пломба, со која полесно се работи за разлика од белите кои многу покомплицирано се поставуваат.
Значи официјален став нема. Во многу земји, превентивно, црните пломби се минато, затоа не е лошо да размислите, пред изборот на пломба да му го оставите на забарот.
(Д.Т)
|