Здравје / Медицина
Со мочка од крава против дијабетес?!

Индиските научници тврдат дека урината од крава има лековите дејство кај дијабетичарите, предизвикувајќи намалување на нивото на шеќер во крвта.
Иако кравата се смета свето животно во Индија, научниците од Bangalore Veterinary факултетот тврдат дека студијата е спроведена врз научна основа. Според нивните наводи, докажано е дека урината на кравата го намалува нивото на шеќерот во крвта, па оттука според нив, таа би можела да биде ефикасен лек за лечење на дијабетес.
Професорот К. Јајкумар, кој го предводел истражувањето, вели дека студијата се уште се наоѓа во својата почетна фаза, но оти за сега дава одлични резултати.
Експериментите направени врз стаорци покажале дека урината им го намалила шеќерот во крвта, па оттука и надежта на индиските научници дека оваа метода наскоро можеби и ќе може да се примени и кај луѓето. Сепак, пред да започне да се користи за лечење на дијабетес кај луѓето, научниците треба целосно да го завршат истражувањето, кое ќе трае уште пет години.
(Д.Т)
|