понеделник, 16.06.2008

  IDIVIDI Мени
Избори 2008
Euro 2008
Здравје / Медицина

Зачувајте го здравјето на работа

Воопшто не е лесно да се зачува здравјето на работно место. Со сета прашина околу вас, апарати кои штетно зрачат, клима уреди и болни колеги, едноставно ваквата мисија ви изгледа невозможна. Но, доколку обрнете повеќе внимание и внимавате можеби и не е тешко?!

1 – Често мијте ги рацете

Тоа значи секој пат кога нешто ставате в уста, пред пиење кафе, појадок, ручек...

2 – Работната маса мора да ви е чиста

Редовно чистете го телефонот, тастатурата и се друго што често употребувате. Дури и да сте единствениот корисник на тој предмет.

3 – Хранете се урамнотежено

Многумина имаат навика да го прескокнат појадокот, некои поради диета, некои затоа што им одзема многу време, но научно е докажано дека луѓето што редовно појадуваат се поздрави и работно поактивни.

4 – Избегнувајте ги болните колеги

Во повеќето случаи, доколку не станува збор за некоја посериозна болест, болниот колега ќе дојде на работа и покрај тоа што претставува ризик за останатите вработени. Обидете се да ги избегнете директните контакти со него.

5 – Внесувајте доволна количина на вода

Кафето можеби може да ви помогне при одржување на концентрацијата, но исто така придонесува за дехидрација на организмот. Не заборавајте да пиете вода.

6 – Правете редовни паузи

Веројатно мислите како никогаш не е добар момент за пауза, но можеби не сте знаеле дека работниците кои не ги користат одморите и паузите, почесто се разболуваат. Паузите го одржуваат вашето тело и ум во форма.

7 – Престанете да пушете

Пушењето е лошо за вашето здравје и го ослабува вашиот имунолошки систем, а никотинот од цигарите придонесува за зголемување на стресот.

(Д.Т)


Наjновo од Здравје
Медицинско чудо - ја измамил смртта!!!
Салмонелата – користи трикови
Здрава храна - здрави заби
Исхраната и шеќерот
Дојката, дебелот црвео и дробовите главна мета на ракот
Напредок во развој на вакцина против грип
Неколку совети за печурките
Зачувајте го здравјето на работа
Србите ги „оставаат“ клетките во Брисел
Со мочка од крава против дијабетес?!
Црните пломби штетни за здравјето?
Кламидија - модерна и тивка зараза
Храна која ќе ве откаже од пушењето
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
detsko zdravje
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи