понеделник, 16.06.2008

  IDIVIDI Мени
Избори 2008
Euro 2008
Здравје / Медицина

Дојката, дебелот црвео и дробовите главна мета на ракот

Колоректалниот карцином, познат како рак на дебело црево и ректум, карциномот на дојка и на белите дробови претставуваат трите најчести малигнитети кои годишно однесуваат повеќе од два милиони животи, соопштија експертите.

Во последната година вниманието на научната и стручната јавност е насочено кон развој на нови тераписки методи, со кои би требало да се намали смртноста од оваа болест, а современата терапија подразбира примена на лекови со нов механизам на делување.

Експертите укажуваат дека направен е голем напредок во лекувањето на болните од рак на дебелото црево.

Се проценува дека секоја година околу милион луѓе во светот дознаваат дека боледуваат од колоректален карцином, поради што оваа опака болест се наоѓа на третото место на зачестеност кај малигнитетите.

Познато е дека прогнозата за лекувањето е директно врзана со стадиумот на болеста. Колку порано се открие, шансите за лекување се поголеми.

Доколку болеста се открие во раните фази, карциномот може да се отстрани по хируршки пат, но податоците покажуваат дека во 50 отсто од дијагностицираните колоректални карциноми се во понапреден стадиум, што значи дека болеста се проширила и надвор од цревата.

Лечењето на метастазираниот колоректален карцином се одредува врз основа на големината и позицијата на туморот, како и на местата на кој се проширил.

Ракот на дебелото црево може да се лекува хируршки (ресекција), што засега претставува клучна терапевтска опција кај пациентите кај кој туморот не е проширен, а честопати се користи во комбинација со радиотерапија и хемотерапија.

Терапијата со зрачење или радиотерапија обично се применува како додаток на хируршката интервенција, со цел да се намали можноста за повторно појавување на болеста.

Хемотерапијата, применета после операција, има за цел да создаде заштита од повторно појавување на болеста или, доколку карциномот се проширил надвор од цревата, хемотерапијата се применува за да се ублажат симптомите, да се подобри квалитетот на живот и да се овозможи подолг живот.

Доколку е потребно, може да се комбинираат и повеќе лекови за да се зголеми ефикасноста на лекувањето.




Наjновo од Здравје
Исхраната и шеќерот
Дојката, дебелот црвео и дробовите главна мета на ракот
Напредок во развој на вакцина против грип
Неколку совети за печурките
Зачувајте го здравјето на работа
Бебе со пенис на грбот
Србите ги „оставаат“ клетките во Брисел
Со мочка од крава против дијабетес?!
Црните пломби штетни за здравјето?
Кламидија - модерна и тивка зараза
Храна која ќе ве откаже од пушењето
Напорот го отстранува масното ткиво
7 нови правила против маснотиите во крвта
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
detsko zdravje
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи