Здравје / Медицина
Напредок во развој на вакцина против грип
 Тестирањата спроведени во САД покажуваат дека со помош на новата технологија, времето за произведување на вакцина против грип се скратува на само 12 недели.
Постапката за производство на вакцина од клетки кои се одгледани во лабораторија претставува чекор нанапред во припремата за евентуалната пандемија на птичји грип. Со неа, исто така олеснува и процедурата на комбинирање на вакцини за вообичаените сезонски типови на грип.
Досега, традиционалната метода, стара 50 години, се базираше на инфицирање на кокошкини јајца со вирусот, кои подоцна се прочистуваат, за да од течноста се издвои вакцината.
Новата метода се состои од мултиплицирање на причинителите на вирусот, кои подоцна се деактивираат и прочистуваат.
Досегашните наоди покажуваат дека вака развиената вакцина дава заштита за 76 отсто здравите лица кои се изложени на различни видови на птичји грип од типот H5N1, регистрирани во Виетнам и Хонг Конг.
Птичјиот грип предизвикува смрт кај две третини од заразените лица, а досега во Азија, Европа и Африка одзеде 240 животи.
Речиси сите заразени лица биле во контакт со живина, но експертите стравуваат дека мутацијата на вирусот може да го олесни ширењето меѓу луѓето, пишува „New England Journal of Medicine“.
(Д.Т)
|