Здравје / Медицина
Медицинско чудо - ја измамил смртта!!!
Британскиот војник Алистар МекКини е доказ дека чудата сепак се случуваат. Тој успеал да останал жив откако талибански снајперист го застрелал во мозок.

Куршумот го погодил во главата, веднаш над левото око, минал низ неговиот мозок и излегол од неговиот череп во пределот над десното уво.
Триесет и шестгодишниот војник, кој извесен период бил одржуван во живот благодарение на болничката апаратура, воедно преживеал тешка инфекција, туберкулоза и церебрален тумор.
Лекарите се счудоневидени од тоа како МекКини успеал да ја победи смртта и сите болести кои истовремено му се случиле, и просто се изненадени што по сè што минал веќе е подготвен да замине дома кај своите родители.
Алистер, кој по несреќата делумно го изгубил видот на двете очи вели дека не се жали.
„Не можам да се жалам, бидејќи немав никакво право да останам жив. Во моментов сум врзан за количка, но секој ден се повеќе ги чувствувам моите нозе. Чувствувам дека парализата постепено ги напушта моите нозе.
Фрустрирачки е тоа што за некои работи за да се залечат треба повеќе време. Но, јас сум посветен на идејата дека еден ден ќе станам од количката. Докторите ми рекоа дека според сите правила не би требало да сум на овој свет, но еве ме. Се е возможно“, вели Алистер.

Алистер седумнаесет години и служел на британската војска, но во август 2006 година бил погоден од снајпер, кога неговиот вод се нашол во заседа во близина на авганистанскиот града Муса Кала.
Тој не се сеќава на нападот.
„Куршумот ме погоди веднаш над левото око, мина низ мојот мозок и излезе во пределот над десното уво. Со недели бев во несвест. Не можев да поверувам дека сум жив кога лекарите ми опишуваа каде сум бил застрелан и низ што минал куршумот“, вели Алистер.
По итната интервенција во една од пакистанските болници, Алистер е префрлен во Британија, каде во бирмингенската болница Queen Elizabeth му е извршен тежок неврохируршки зафат.
„Во 99,9 отсто од случаите ваквата повреда завршува фатално. Ова е неверојатно закрепнување. Ми рекоа дека сум чудо“, вели Алистер.
Неговите родители се пресреќни што нивниот син сепак преживеал една таква неверојатна повреда.
„Ниту во еден момент не помислувавме дека ќе успее да се извлече. Но, тој е борец и секогаш се бори до крај. Горди сме на него“, велат родителите.
(Д.Т)
|