понеделник, 23.06.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Здравје / Медицина

Херпес зостерот е наследен

Американскиот Центар за контрола и превенција на болести им препорачува на лицата постари од 60 години да се вакцинираат против херпес зостера.

Болните пликови кои ги предизвикува болеста може да предизвикаат трајно оштетување на нервите. Лекарите веќе имаат некои нови сознанија за тоа што може да го зголеми ризикот за добивање на оваа болест.

Новата студија на медицинското училиште при универзитетот во Тексас покажала дека ризикот од развој на херпес се зголемува ако некој близок роднина ја имал таа болест.

„Мојата прабаба го изгубила видот на едното око поради тој херпес“, вели Линда Одом, која исто така има херпес зостер.

Причинител на херпесот е истиот вирус кој ги предизвикува овчите сипаници. Вирусот останува во состојба на мирување и тоа со децении. Дваесет отсто од лицата кои прележале овчи сипаници подоцна добиваат херпес зостер.

Болеста може да го погоди секој кој е во средно или поодминато доба од животот, како и оние со слаб имунолошки систем, како што се оние со ХИВ-вирусот или болните од рак.

„Секој кој ќе почувствува болка од една страна на лицето, градите, рацете или нозете и потоа добие пликови на тие места на кои ја почувствувал болката може да има херпес зостер“, вели Стивен Тајринг, коавтор на студијата.

Доктор Тајринг и неговите колеги следеле околу 500 луѓе кои имале херпес зостер. Научниците утврдиле дека речиси 40 отсто од нив имале близок роднина кој исто така страдал од истата болест. Од тие причини американскиот Центар за контрола и превенција на болести им советува на постарите лица да се вакцинираат против херпес зостер.

(Д.Т)




Наjновo од Здравје
Омега-3 масните киселини и очните болести
Херпес зостерот е наследен
Со обилен појадоk до вита става
Сладолед за добро расположение и здравје
Не го одбегнувајте лебот
Кажете му стоп на „атлетското стапало“
Кафето не е штетно
Пушачите имаат проблеми со слухот
Алергиски убоди од инсекти
Медицинско чудо - ја измамил смртта!!!
Салмонелата – користи трикови
Дојката, дебелот црвео и дробовите главна мета на ракот
Напредок во развој на вакцина против грип
Зачувајте го здравјето на работа
Србите ги „оставаат“ клетките во Брисел
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
detsko zdravje
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи