вторник, 24.06.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Здравје / Медицина

Успешно лекување на меланом со клонирани клетки

Американските научници за првпат успешно излекувале пациент со најтежок вид на рак на кожа употребувајќи клонирани белите крвни зрна на имуниот систем, јавија светските медиуми.

Педесет и двегодишниот пациент, чиј идентитет не се соопштува сметал дека неговиот живот е готов, откако ракот се проширил на белите дробови и лимфните јазли.

Научниците за првпат ги користеле само лимфоцитите Т, од поттипот CD4+, кои се клучни за имунолошкиот систем на човекот.

Научниците од организмот на пациентот ги изводиле лимфоцити Т, лабораториски ги клонирале 5.000 пати и потоа повторно ги инјектирале во организмот на пациентот, кој во моментот не користел никаква друга терапија. Два месеци подоцна пациентот веќе не боледувал од рак, што е утврдено со примена на скенер и томографија.
Доктор Касиен Ли, кој работел на студијата, вели дека цели две години по спроведувањето на истражувањето пациентот нема никакви симптоми на болеста и оти ракот не се вратил повторно.

Доколку се потврди ефикасноста на терапијата, ваквиот вид на лекување би можел да се користи кај 25 отсто од тешките случаите на меланом, кој претставува еден од најтешките видови на рак на кожа. Меланомот најмногу ја зафаќа кожата, но може да ги зафати и очите и стомачните органи. Во светот секоја година се регистрираат 160.000 илјади на заболени од меланом. Овој облик на рак е чест кај  мажите белци кои живеат во топли и сончеви предели. Според статистиката на Светската здравствена организација, од меланом годишно умираат по 48.000 лица.

(Д.Т)




Наjновo од Здравје
Успешно лекување на меланом со клонирани клетки
Омега-3 масните киселини и очните болести
Херпес зостерот е наследен
Со обилен појадоk до вита става
Сладолед за добро расположение и здравје
Не го одбегнувајте лебот
Кажете му стоп на „атлетското стапало“
Пушачите имаат проблеми со слухот
Алергиски убоди од инсекти
Медицинско чудо - ја измамил смртта!!!
Салмонелата – користи трикови
Дојката, дебелот црвео и дробовите главна мета на ракот
Напредок во развој на вакцина против грип
Зачувајте го здравјето на работа
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
detsko zdravje
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи