
|
 |
Здравје / Медицина
|
|
Симптоми на труење со храна
Доколку имунитетот ви е ослабен, труењето со храна може да ви го загрози животот. Ниту една храна не е безопасна, па дури и најобичната зелена салата.
 Научниците докажале дека за труење со храна не треба да го обвините последниот оброк кој сте го јаделе. Симптомите на труењето со храна може да се појават и 72 часа по консумирањето на заразената храна. Малите деца се најосетливи на овој проблем, но и трудниците и луѓето со слаб имунитет, кај кои навидум безпопасното труење со храна може да биде фатално.
Покрај вирусите и бактериите, причинители за труењето со храна може да бидат и паразитите, на пример Entoameba histolytica. Со неа најчесто е заразена зелената салата.
ПОВИКАЈТЕ БРЗА ПОМОШ
- имате ли симптоми на посериозна дехидрација – слабо мокрење, воспалени очи без солзна течност, сува уста и јазик, забрзано дишење и чукање на срцето
- тешко голтате, говорите и дишете, имате заматен вид, слабост во мускилите и парализа, посебно после консумација на храна од конзерва или море, но можно е да имате и труење од печурки.
ОБРАТЕТЕ СЕ КАЈ ЛЕКАР ДОКОЛКУ ГО ЗАБЕЛЕЖИТЕ СЛЕДНОТО
- температура повисока од 37,7
 - повраќате толку многу што не можете ни најмала течност да задржите или пак повраќањето трае повеќе од еден ден.
- постојани болки во еден дел на стомакот
- силна дијареја која трае два-три дена или крвава дијареја.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|