
|
 |
Здравје / Медицина
|
|
Анестезиите можат да ја зголемат болката
Кога ве оперираат, очекувате дека со целосната анестезија нема да чувствувате болка. Меѓутоа новите истражувања покажале дека многу од често користените анестезии може да ја влошат болката и воспаленијата после операцијата со предизвикување на второстепени болки.
Герард Ахерн и неговите колеги од Georgetown универзитетот во Вашингтон, открија како се случува ова. Нивната работа може да им помогне на докторите во изборот на анестетици што предизвикуваат помала болка за различни оперативни зафати.
Во тек на истражувањата откриле дека пропофолот предизвикува чувство на изгореница на местото на инекцијата, додека изофлуранот може да предизвика иритација на дишните патишта.
Целосната анестезија го притиснува централниот нервен систем и предизвикува привремена несвестица или пак болка. Научниците ги тестирале ефектите од неколку анестезии на различни рецептори лоцирани кај невроните за осетливост и откриле дека оние кои предизвикуваат болка го активираат рецепторот наречен TRPA1. За да потврдат дека токму тука настанува чувството на болка, научниците инјектирале различни анестетици во носната празнина на глувци каде овој рецептор бил отстранет со генетски инжињеринг. Овие глувци за разлика од обичните не почувствувале никаква болка.
Воспалени уши
Научниците исто сакаа да видат какво влијание имаат анестезиите врз воспаленијата. Кога во ушите на глушец анестезиран со изофлуран биле вметнати супстанции кои предизвикуваат воспаленија, тој се здобил со значително поголем оток отколку оние кои примиле друг вид на анестетик.
„Откако употребата на целосната анестезија широко се применува, хирурзите треба да размислат кој анестетик ќе го применат. Некои нови, поскапи супстанции како што е севофлуранот, не го активираат TRPA1 рецепторот така што не предизвикуваат болка и воспаленија.“ – вели Ахерн.
(Т.Ј)
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|