
|
 |
Здравје / Медицина
Хормонската терапија во менопаузата е ризична
Со намалување на бројот на Австралијките кои користат хормонска терапија (HRT), како средство за полесно поднесување на менопаузата, се намалила и зачестената појава на рак да дојка, соопштија сиднејските здравствени служби.
 Според податоците на Австралискиот национален универзитет, во периодот од три години, заклучно со 2003 година, за седум отсто опаднал бројот на случаите на рак на дојка кај жени постари од 50 години.
Според податоците кои ги презентираше др. Емили Бенкс, во периодот од 2001 до 2003 година за цели 40 отсто опаднал бројот на Австралијките кои ја користат HRT.
Др. Бенкс советува жените секогаш да се распрашаат дали наведената терапија навистина им е неопходна и да проценат дали кај нив симптомите на менопауза се толку силни за да се прибегнат кон користењето на хормонската терапија која го зголемува ризикот за рак на дојка.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|