петок, 27.06.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Здравје / Медицина

Уморни и ненаспани

На повеќето жени не им е потребна некаква научна студија за да им објасни еден важен факт од „женскиот живот“,  а тоа е дека повеќето припаднички на понежниот пол имаат чувство дека им е скратена можноста за доволен сон, поради што во текот на неделата се инертни и чувствуваат дека немаат доволно енергија за да ги завршат дневните задачи.

Без разлика дали нивните животи се посветени на кариерата, децата, домашнита работи, повеќето мајки, сопруги, баби и бизнис жени велат една иста работа -  едноставно не спиеме доволно!

Американската организација National Sleep Foundation направила истражување кое покажало дека дури 60 отсто од жените квалитетно спијат два до три дена во неделата, а можеби и помалку. Исто така, 43 отсто од испитаничките признале дека ненаспаноста која им се јавува во текот на неделата им пречи во извршувањето на дневните обврски.

Експертите истакнуваат дека нема причина за загриженост и оти постои излез од тој магичен круг. Прво и основно, жените треба да знаат дека недостатокот на сон не е безопасен, туку им остава сериозни последици врз здравјето. Сознанијата за штетното влијание на недостатокот на сон врз здравјето треба да придонесат за подобро да ја сфатиме важноста на спиењето.

Заморот е магнет за вишок килограми

Испитувањето покажало дека жените кои премалку спијат имаат поголема тенденција за зголемување на телесната маса. Спиењето помалку од седум часа дневно е поврзано со индексот на телесната маса и дебелината, покажала студијата спроведена на над 25.000 лица, објавена во стручното списание „Sleep“.

Но, проблемите кои настануваат како последица на недостиг на сон не застануваат само на таложење на неколку сантиметри околу струкот и колковите, туку водат кон посериозни проблеми, како што се кардиоваскуларните болести.

National Sleep Foundation предупредува дека краткиот сон го зголемува ризикот за зголемен крвен притисок, заболување од дијабетес, психички проблеми како што е депресија, склоност кон повреди и падови. Поради недостиг на сон страда и нашиот мозок, кој во таква состојба потешко ги процесира и памети новите информации.

Совети на експертите за подобра „хигиена на спиење“

Кога имаат проблеми, жените се склони кон грижи и „мозгање“ бидејќи сакаат што побргу да го решат проблемот. Токму поради тоа навечер не можат да заспијат. Психолозите тврдат дека е особено важно да  дадете време за регенерација на телото и одмор на умот и да научите како грижите да ги ставите настрана за да можете да заспиете. Еден од едноставните алати е грижите да ги запишете на едно ливче. Следниот ден на истата листа сигурно ќе ги запиштете потенцијалните решенија.

Редовните телесни вежби ќе го зголемат телесниот замор поради што полесно ќе спиете. Исто така, вежбањето може да ви биде добар испуштен вентил за сите проблеми кои ве мачат. Редовната телесна активност не само што ќе направи да се чувствувате подобро и да сте посреќни, туку ќе ви даде и повеќе енергија.

Последниот оброк пред спиење важно е да се консумира три часа пред легнување, а истото важи и за кофеинските напивки и никотинот. За стекнување на уредна хигиена на спиење важно е секогаш да легнувате и да се будите во исто време, вклучувајќи ги и викендите. Смирената темна и пријатна атмосфера во собата за спиење ќе ви помогне полесно да потонете во „земјата на соништата“.

(Д.Т)




Наjновo од Здравје
Внимание – и доматите можат да пренесат салмонела !
Уморни и ненаспани
Хормонската терапија во менопаузата е ризична
Анестезиите можат да ја зголемат болката
Диета - за 2 недели 3 кг помалку
Течно злато на природата
Симптоми на труење со храна
Успешно лекување на меланом со клонирани клетки
Херпес зостерот е наследен
Кажете му стоп на „атлетското стапало“
Пушачите имаат проблеми со слухот
Алергиски убоди од инсекти
Медицинско чудо - ја измамил смртта!!!
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
detsko zdravje
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи