
|
 |
Здравје / Медицина
|
|
Факти или митови за срцевите болести
Сексот е лош за срцето
 Напротив, сексот е добар за срцето. Хормоните кои се излачуваат за време на сексот, предизвикуваат убаво чувство и влијаат за подобрување на здравјето на срцето. Во опасност се само оние со срцеви проблеми и оние кои доживеале срцев удар. Со соодветна терапија и третман овие поединци слободно може да имаат безбеден секс.
Болестите на срцето се наследни
Многу ретко, некои вродени дефекти на срцето се од генетска природа, но во целина, не може да ги обвинуваме нашите предци за болестите кои се многу присутни во денешно време. Иако некои фамилии се повеќе склони кон срцеви болести, факторите кои влијаат не се наследни, туку предизвикани од околината, како што е животниот стил на луѓето. Тука спаѓаат пушењето, консумирање храна која го покачува холестеролот, недоволно вежбање и секојдневниот стрес.
Децата на оние кои доживеале срцев удар ќе ја имаат истата судбина
Ова не е точно. Дури и ако двајцата од родителите имале срцев удар, не значи дека тоа ќе се случи и кај децата, доколку тие водат здрав живот, се хранат правилно, не пушат, вежбаат и успеат да го совладаат стресот.
Жените ретко страдаат од срцеви болести
 Погрешно. Откако жените на голема врата влегоа во машкиот свет, работат напорно и машки ги издржуваат притисоците, се зголеми веројатноста и кај нив да страда срцато. Младите жени по правило имаат поголема отпорност за болестите на срцето, поради естрогенот кој е еден вид превенција. Меѓутоа без разлика, неправилниот начин на живот доведе до тоа последните три декади, соодносот на мажи и жени кои страдаат од срце да биде 2:1.
Оние на повисока позиција се примарни жртви на срцев удар
Научени сме да веруваме дека работните места со повисоки одговорности, водат кон повисока веројатност за болести на срцето. Најновите истражувања покажаа дека животниот стил, а не позицијата или рангот на работното место, е фактор за срцевите напади.
Луѓето помлади од 40 не страдаат од срце
Уште еден мит. Срцевите болести не зависат од годините или полот, туку се резултат од неправилното живеење и недоволната грижа за сопственото здравје.
Вежбањето го оштетува срцето

Во никој случај. Срцето може да поднесе многу повеќе физичко напрегање отколку што ние сме свесни, затоа што е еден од најиздржливите мускули во нашето тело. Дури и на оние кои преживеале срцев удар им се препорачува да прават некои лесни вежби, бидејќи вежбањето го снабдува срцевиот мускул со кислород и го обновува.
Високиот крвен притисок се должи на срцеви болести
Ова е уште едно недоразбирање. Всушност е сосема обратно: нелекувањето на високиот крвен притисок може да доведе до болести на срцевата артерија или дури до престан на работата на срцето. Високиот притисок предизвикува забрзана работа на срцето што доведува до хипертрофија. Доколку хипертензијата навремено се третира, би се овозможило пролонгирање на животот.
(T.J)
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|