среда, 05.11.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Здравје / Медицина

Бебе заштитено од рак на дојка

Британска брачна двојка го очекува првото бебе која загарантирано нема да го наследи генот за рак на дојка, болест која од страна на таткото ја имале неговата сестра, мајка, баба и тетка.

Со цел да го избегнат пренесувањето на болеста на следното поколение, двојката се одлучила за вештачко оплодување. Секој од 11-те ембриони бил тестиран за BRCA-1, генот кој го предизвикува ракот на дојка.

Причината за ваквата одлука била анализата на генетскиот материјал на таткото кој покажал дека и тој е носител на проблематичниот ген. Доколку двојката се одлучила за зачнување по природен пат, нивната ќерка ќе има има за 50 отсто поголеми шанси да заболи од рак на дојка.

Од вкупно 11 ембриони колку што се направени при процесот на IVF, само пет не го носеле генот. Два ембриона од нив се имплантирани во матката на мајката.

Дваесет и седумгодишната мајка, чие име се уште не се соопштува веќе е во 14-та недела од бременоста.

„Доколку имам ќерка и се разболи, нема да можам да кажам дека не сум се потрудила да направам се за да ја спречам болеста“, вели трудницата.

Доктор Пол Серхал од универзитетскиот колеџ во Лондон вели дека родителите не можеле да се помират со фактот дека нивното идно дете би можело да се разболи поради нивните лоши гени.

„Родителите рекоа дека нема да може да ја одбегнат вината доколку не се потрудат да направат се за да го заштитат своето бебе“, изјави Серхал.

Досега само една жена од Израел забременила на овој начин.

(Д.Т)




Наjновo од Здравје
Целерот непресушен извор на здравје
Како стресот на работа влијае врз здравјето на човекот
Ботоксот продира до мозокот
Генетски модифицирана соја штити од инфаркт
И направиле јазик од ногата
Големината важна и за жените
Со мирис на ванила против гладот
Ќе се изготви карта на мозокот
Го препознава само гласот на Шон Конери?!
Големиот нос му го спасил животот
Промената на времето ризична за срцето
Бизнис со сурогат мајки
Премногу грд за да биде вработен
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Астрономија
detsko zdravje
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи