среда, 02.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Здравје / Медицина

Кацига за подмладување на мозокот

Британските научници од универзитетот Сандерленд дизајнирале кацига која со помош на инфрацрвените зраци ќе ви го подмлади мозокот и ќе ве направи попаметни. Засега кацигата е тестирана на неколку пациенти кои имале симптоми на Алцхајмерова болест, како и на лабораториски глувци

Првичните резултати ветуваат - чудо. По само четири недели од почетокот на третманите, кои се базирале на 10 минутно носење на кацигата, симптомите на болеста се повлекле кај осум пациенти. Следната фаза од истражувањето треба да го утврди влијанието на кацигата кај 100 пациенти чија Алцхајмерова болест е во поодмината фаза.

Идејата за кацигата ја добиле откако забележале дека инфрацрвените зраци ја подобриле меморијата кај лабораториските глувци. Научниците решиле да проверат дали инфрацрвените зраци го имаат истото дејство и кај луѓето, но за тоа било потребно да се направи соодветна „апаратура“. Идејата за кацигата ја добил Гордон Дугал од истражувачката лабораторија „Вирулети“

Ниската фреквенција на светлосните бранови кои кацигата ги емитува го поттикнува растот и самообновувањето на невроните и тоа преку активирање на „заспаните“ матични клетки. Доколку ова се докаже како точно, кацигата дава голема надеж и тоа не само за оние кои боледуваат од Алцхајмер, туку за поголем спектар на невролошки заболувања и за механички повреди на мозокот.

Научниците велат дека работат на терапија која би можела да ги промени животите на милиони луѓе, но предупредуваат дека истражувањето се уште е во почетна фаза.

Неврологот Пол Чазо, кој исто така учествувал во истражувањето, вели дека резултатите се невидени.

„Тоа што го забележавме кај глувците, досега никогаш се нема случено. Инфрацрвените зраци толку ја подобрија работата на мозокот на глувците, што успеаја да излезат низ тродимензионален лавиринт“, вели Чазо.

Гордон Дугал вели дека кацигата, всушност го подмладува мозокот.

„Сакам да кажам дека старееме затоа што нашите клетки ја губат ’волјата’ за обновување и поправање. Како последица на тоа доаѓа до изумирање на голем број на ќелии, а тоа придонесува за постепено опаѓање на функциите на организмот. За мозокот, тоа значи опаѓање на ефикасноста на помнењето и на интелектуалната активност. Овде, можеби, откривме технологија која ќе ги тера клетките самите да се регенерираат и поправаат“, вели Дугал.

(Д.Т)




Наjновo од Здравје
Кацига за подмладување на мозокот
Витаминот Ц - лек и за стрес
Неколку збора за лубениците и дињите
Бебе заштитено од рак на дојка
Марс ја истражува чоколадната ДНК
Факти или митови за срцевите болести
Чувари на младоста
Уморни и ненаспани
Хормонската терапија во менопаузата е ризична
Анестезиите можат да ја зголемат болката
Симптоми на труење со храна
Успешно лекување на меланом со клонирани клетки
Херпес зостерот е наследен
Кажете му стоп на „атлетското стапало“
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
detsko zdravje
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи