недела, 23.11.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Здравје / Медицина

Метадонот ја уништува леукемијата

Метадонот кој се користи за лечење на зависност од хероин и други видови дроги даде ветувачки резултати при лекување на леукемија, посебно на оној вид кој е отпорен на терапија, тврдат не германските научници.

Во студијата, објавена во американскиот магазин „Cancer research“ се вели дека лабораториските тестови покажале дека метадонот ги убива ќелиите на леукемијата, притоа не нанесувајќи никаква штета на здравите крвни клетки.

Доктор Клаудија Фризен, која го предводела научниот тим, тврди дела метадонот се покажал како делотворен и при уништување на ќелиите на леукемијата кои се отпорни на хемотерапија и зрачење.

„Изненадени сме од откритието дека метадонот ги уништува ќелиите на леукемијата. Не очекувавме такво нешто“, вели доктор Фризен.

Германските научници изразија надеж дека резултатите може да претставуваат темел за воспоставување на нова стратегија за користење на метадонот и тоа како додатно средство при лекување на леукемијата, посебно во случаи каде конвенционалната терапија се покажува како помалку ефикасна.

(Д.Т)




Наjновo од Здравје
Со трчање до подолг живот
Со цимет против дијабетес
Четири начини да го намалите крвниот притисок
Тинејџерка преживеала 118 дена без срце
Нов лек против сида ?
Интегративна медицина за добро лекување
Прво пресадување на орган од основни клетки
Колабирал играјќи на компјутер
Поголема половина - поголем ризик од смрт
Со трансплантација на коскена срж излечиле пациент од сида
„Интелигентно апче“
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Изложба
detsko zdravje
Топ стории за последните 7 дена од
Медицина
Тинејџерка преживеала 118 дена без срце
Прво пресадување на орган од основни клетки
Четири начини да го намалите крвниот притисок
Колабирал играјќи на компјутер
Нов лек против сида ?
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи