
|
 |
Здравје / Медицина
Заштитете се од паразитите во базените
Паразитот Cryptosporidium, или познат како crypto, е паразит кој е отпорен на хлорот во водата и предизвикува инфекции кај луѓето, доколку на некаков начин се внесе преку уста. Притоа настанува болест која трае две недели, а симптомите се дијареја, стомачни грчеви, мачнина, повраќање и треска.
Овој паразит најчесто се наоѓа во изметот на луѓето и животните, што лесно може да се пренесе и во вода. Crypto има надворешна школка што го прави отпорен на хлорот и на другите средства против микроби.

Многу од јавните базени низ светот, се затворени токму поради инфекциите кои овој паразит, ги предизвикал кај луѓето.
Кај некои базени се превземаат мерки за отстранување од водата со помош на ултравиолетов систем, кој го убива со користење на црна светлина. Тоа сепак и оваа метода не нуди 100% заштита, луѓето треба да бидат посовесни во врска со загадувањето на водата.

При користење на базените, постојат различни правила кои треба да се почитуваат, како тоа дека децата кои носат пелени, треба да имаат посебна пелена за пливање или водоотпорни панталони, и оние кои имале дијареја, не смеат да пливаат две недели после тоа.
Како да се заштитите од овој паразит, доколку сепак се одлучите да пливате во базен:
Избегнувајте да голтате вода или да имате било каков допир со отворена уста.
Не пливајте доколку имате дијареја.
Пред да пливате истуширајте се.
Мијте раце после користење на тоалетот или менување пелени.
Носете ги децата почесто во тоалетот и менувајте им ги пелените.
(Т.Ј)
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|