Срцевите болести ја намалуваат способноста за размислување
Резултатите од студијата на European Heart Journal, укажува на поврзаноста помеѓу срцевите болести и намалената способност за размислување, односно за намалените когнитивни способности кај средовечните луѓе.
 Со користење податоци од студијата Whitehall II, Др. Арчана Синих-Маноуџ од INSERM, Франција и нејзините колеги, направија испитување за оваа поврзаност. Ова истражување го започнаа уште на почетокот на 1980 година, врз 10.308 испитаници на возраст од 35-55 години. Податоците за срцевите болести кои се развивале кај нив, се собирале со текот на годините,се до 2004 година. Исто така на 5.837 поединци им било дадено да направат по шест когнитивни тестови.
Кај оние мажи и жени кај кои се развиле срцеви болести, резултатите од когнитивните тестови биле послаби, особено оние кои вклучувале логично размислување и располагање со широк фонд на зборови.
Освен тоа, кај оние мажи кои подолго се справувале со некоја срцева болест, било откриено дека има поголемо намалување во способноста да размислуваат.
|