
|
 |
|
|
Здравје / Медицина
|
|
Црвенеењето може да биде знак за некоја болест
Црвенеењето е нормална реакција на телото при возбуда, лутина, срамежливост или некои други силни емоции. Но, поцрвенувањето на лицето, ушите, вратот и понекогаш горниот предел на градите, придружени со чувство на жештина, може да биде знак за некоја посериозна состојба во телото.
Ова настанува поради тоа што делот од мозокот кој ја контролира температурата на телото, ги шири капиларите, вените и артериите, има поголем проток на крв во садовите, при што за кратко време настанува топлина во организмот.
Кога сте засрамени, поцрвенувате затоа што невротрансмитерите во вашиот мозок сигнализираат за ова чувство, што предизвикува централниот нервен систем да произведува хемикалии кои делуваат на ширење на крвните садови.
Во летните месеци, црвенилото може да биде предизвикано од топлината, при што се препорачува пиење ладна вода без мраз и носење на посветла облека.
 Кај оние жени кои се наоѓаат во менопауза, често се случува да црвенеат бидејќи кај нив се случува хормонална промена при што се создава топлина во организмот.
Хормонот естроген го регулира хипоталамусот каде се наоѓа центарот за стабилизација на топлината, така што кога нивото на естроген е ниско, може да предизвика црвенеење.
Алкохолот, особено црвеното вино кое содржи високо ниво на танин, кај некои луѓе може да предизвика црвенило.
Црвенеење се јавува и кај оние кои страдаат од rosacea, што претставува реакција проследена со воспаление на клетките на кожата, особено на лицето, каде може да се појават и испукани капилари.
Во многу ретки случаи, поцрвенувањето може да биде симптом на некој карциноиден синдром предизвикан од хормон кој создава тумор во тенкото и дебелото црево, бронхиите и слепото црево.
За некои од овие симптоми лекарите препорачуваат различни растенија или некои таблети за кои се смета дека помагаат за намалување на воспалението.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|