Во Ургентниот центар почина затвореник од КПД Идризово

Скопје, 13 август (МИА) -  Триесет и шест годишниот затвореникот Асани Нафи Сафет починал рано изутрината на интензивната нега во Ургентниот центар во Скопје, каде што бил префрлен синоќа поради влошена здравствена состојба, соопшти денеска Управата за извршување на санкции.

Тој ноќеска половина час пред полноќ во КПД Идризово каде што ја издржувал затворската казна се пожалил на болки, поради што итно бил пренесен во домската амбуланта, од каде веднаш е транспортиран во Ургентниот центар во Скопје. Таму итно му биле направени прегледи, потоа бил префрлен на интензивна нега каде му била дадена потребната медицинска помош, но и покрај тоа Сафет починал  рано утрово околу 04 часот.

Од Управата напоменуваат дека осуденото лице било со нарушена здравствена состојба, поради што бил лекуван во домската амбуланта на КПД Идризово.

Асани Нафи Сафет, роден во Гостивар, во 2007 година од Основниот суд Скопје 1 е осуден со казна затвор од пет години за сторено кривично дело насилство, пресуда која ја потврдил и Апелацискиот суд во Скопје. Во 2006 година, истиот суд го осудува на казна затвор од две години и осум месеци за кривично дело тешка кражба. Претходно во 2004 година Основниот суд од Гостивар го осудува на двегодишна затворска казна, но му изрекува и мерка за безбедност и задолжително лекување на алкохоличари и наркомани во ЈЗО Демир Хисар во траење од две години. Во болницата издржал една година и четири месеци. Вкупната казна  по  сите пресуди за Сафет изнесувала девет години и осум месеци затвор.

За целиот настан Управата на КПД - Идризово го известила судијата за извршување  санкции и другите надлежни органи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...