Мистеријата на утринската ерекција

Првата идеја на секој маж е дека утринската ерекција ја предизвикува урината, која се насобрала во текот на ноќта. Но полниот мочниот меур е последната работа која може да ја предизвика ерекцијата.
Се сеќавате ли на сцената од филмот „The 40-Year-Old Virgin“, кога Стив Карол со „полн пиштол“ в гаќи се обиде да ја погоди ве-це шолјата?

На мажи, кои пораснале во големи семејства, или студентски домови, овој секогаш присутен проблем им е особено познат. Лесно е да се сокрие утринската ерекција во фармерки, но тешко е во гаќи или во лесни пижами. Следниот проблем е мокрењето. Ве-це шолјата, која во тие моменти е поставена под агол од 90 степени, се чини дека има многу погрешна позиција. Жените постојано не напаѓаат дека оставаме капки на капакот на шолјата, но центрирањето во тие моменти се чини како невозможна мисија.

Утринската ерекција е само последната од серијата ноќни ерекции, кои се поврзани со одредени фази од спиењето. Народски кажано, кога сонувате добивате ерекција, без разлика на содржината на вашите сништа. Причината за тоа сè уште е непозната. Според некои теории, тоа е последица на опуштеноста на телото и на недостиг на надзор на свесното „ЈАС“. Во текот на денот го потиснуваме ѕверот во себе, но навечер тој ја презима контролата. Според некои други теории, телото на тој начин го проверува функционирањето на пенисот и оти тоа претставува своевидно подмачкување кое го спречува „’рѓосувањето“ на системот. Истражувањата покажуваат дека способноста за ерекција не е поврзана со нејзината зачестеност, бидејќи мажите кои имале ерективна дисфункција исто така имаат утринска ерекција, без разлика на фактот што во меѓувреме немале ерекција.

Појавата на ноќна ерекција е одлична пред се за утврдување и лечење на проблемите со ерекцијата. Доколку проблемите се од психолошки карактер, тогаш додека спиете „петелот“ се буди и почнува да мисли со своја глава. При ерективна дисфункција лекарите се користат со тестот Ригискен, со кој се мерат промената во цврстината и големината на пенисот. Така утврдуваат дали пречките се од васкуларна, неуролошка, хормонална или психолошка природа.
Најлошо поминуваат мажите кои на поголема возраст се обрежале. Тие во текот на ноќта доживуваат најмалку три болни будења, а тоа им се случува се додека кожичката не им зарасне целосно.

Ако утринската ерекција е причина за непријатни ситуации, тогаш тоа е уште една причина зошто би требале дома да поставите писоар!
|