
|
 |
Здравје / Медицина
|
|
Со гуми за џвакање до брзо закрепнување
Можно ли е со помош на гума за џвакање побргу да закрепнете од операција? Британските научници велат дека ова е одлична идеја. Гумата за џвакање им помага на пациентите со операција на дебелото црево побргу да ја вратат во нормала работата на цревата.
 Некои пациенти по операција на дебело црево имаат проблеми со цревната флора и со цревата кои, постоперативно имаат помал број на контракции, со што се намалува ефикасноста на варење на храната. Гумите за џвакање создаваат ефект на јадење, што придонесува за активирање на целиот дигестивен систем.
Пет различни истражувања, спроведени врз 158 пациенти покажале дека гумите за џвакање, покрај тоа што го поттикнуваат лачењето на плунката, ја поттикнува секрецијата на панкреасот, како и излачувањето на цревните сокови.
Студиите покажале дека пациентите кои трипати на ден, по 45 минути џвакале гума за џвакање побргу заздравеле од другите пациенти.
Научниците исто така утврдиле дека гумите за џвакање без шеќер се исто така ефикасни и кај пациентите кои имале други абдоминални операции. Вештачките засладувачи во гумите за џвакање имаат лаксативно дејство.
Сепак, одредени научни кругови тврдат дека потребни се уште попродлабочени истражувања, пред мастиките да станат дела од постоперативните третмани.
„Многу често со гумите за џвакање се голтнува и воздух, кој подоцна создава стомачни проблеми. Затоа се уште се препорачува во првите две дена после операцијата да се дава помала количина на течна храна, а потоа веќе може да се почне и со поцврста“, вели доктор Теодор Сакларисид од медицинскиот центар во Чикаго.
Сакларисид, кој не учествувал во истражувањето, тврди дека во постоперативниот период треба да се ограничи употребата на морфиумот и на другите медикаменти против болка бидејќи придонесуваат за создавање на запек.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|