Згрутчената крв во коленото може да биде убиствена
Малите болки во коленото може да бидат знак на згрутчување на крвта кое може да има смртоносни последици, вели хирургот Др. Стивен Галсон.
„До сега не се придавало големо значење на малите болки во коленото, но тие треба да се сфатат посериозно и да се направат подетални испитувања“, вели Галсон.
И најмалата болка во коленото, може да биде знак на згрутчена крв што претставува тивок убиец. Др.Стивен вели дека 100.000 Американци умреле од згрутчена крв во колено.
Симптомите се оток и болка во коленото, додека кожата добива црвеникава боја. Најголем ризик постои кај луѓето кои се скоро оперирани, оние над 65-годишна возраст, тие кои земаат таблети за заштита од бременост или оние кои биле имобилни долго време.
|