понеделник, 22.09.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Deutsche Welle
Здравје / Медицина

Истражувачката работа е добра за менталното здравје

Истражувањето ги развива мисловните способности

Занимањата кои бараат ментална активност имаат скриена предност, бидејќи помагаат менталните способности да се сочуваат и во постарите години, соопштија американски научници во најновата студија

Психологот Гај Потер од медицинскиот центар на Универзитетот Ѓук, кој го водеше истражувањето, рече дека „тоа би можело да има некој вид добивка, како некој вид додаток на платата“, пренесува „Гласот на Америка“. Потер во студијата установи дека да се работи нешто, што е поврзано со интелектуална активност тоа помага во развојот на мисловните способности кои ни остануваат во подоцнежните години, без оглед на нивото на интелигенција или нивото на образование.

„Тоа го установивме за занимањата кои се поврзани со организаторските задачи, а кои бараат истражување и одговор на нешто ново што би можело да се случи секој ден на работа“, се наведува во студијата.

Менталната работа има предности

Потер и неговите колеги проучувале повеќе од илјада ветерани од Втората светска војна. Тие сега се постари луѓе, но, во времето кога и пристапиле на воената служба, биле подложени на тест на интелигенција. Почнувајќи од 60-тата година, тие имале периодични тестови на интелигенција поради испитувања на нивните ментални способности. Истражувачите утврдиле дека нajдобри резултати покажале оние кои се занимавале со работа поврзана со ментални активности.

Едноличните занимања се помалку корисни

Физичката работа ја одржува менталната состојба на луѓето
Потер, меѓутоа, напомена дека и физичките занимања можат да имаат позитивно влијание врз менталните способности. Според неговите зборови, повеќе станува збор за вид на работа во секој поединечен случај. „Генерално гледано, работата која постојано се повторува веројатно е помалку добра за нашите когнитивни способности, отколку работата која бара решавање на поголем број проблеми“, вели американскиот стручњак.

Се претпоставува дека тоа е прва студија која го испитувала влијанието на работата на интелигенцијата во постарите години.Потер изјави дека интелектуално потешката работа не може да ја спречи деменцијата или Алцхајмеровата болест, но секако може да ја одложи нивната појава.




Наjновo од Здравје
Интолеранција на лактоза
Истражувачката работа е добра за менталното здравје
Кулинарски рецепти од мајчино млеко
Парацетамолите го зголемува ризикот за астма
Жените чувствуваат поголема болка
Интелектуалната работа и храната
Згрутчената крв во коленото може да биде убиствена
После секс - удар
Синдром на неуморни нозе
Oдличен вид за заболените од перде на очите
Бегајте од подмолната “Екстази”!
Мобилниот телефон не е штетен по здравјето на луѓето
Стрес од кој срцето престанува да чука
greatest hits 2
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
detsko zdravje
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи