
|
 |
Здравје / Медицина
|
|
Вљубените жени имаат поздраво срце
По десет години истражување на 600 жени, шведските лекари утврдиле дека среќно вљубените девојки или среќно мажените жени имаат поздраво срце од осамените или несреќните.
На научен собир посветен на психосоматските здравствени проблеми бил изнесен податок дека среќно мажените жени и вљубените девојки имаат поздраво срце од осамените. Група на шведски научници на чело со невропсихијатарот Кристина Орт Гомер, десет години го следеле животот на 600 жени на возраст од 30 до 65 години. Научниците констатирале дека среќата и взаемната поддршка на две лица од различен пол позитивно влијае на севкупната здравствена состојба, посебно на срцето и крвните садови.
“Жените кои во љубовната врска доживуваат стресови имаат поголемо стеснување на крвните садови и срцевите аритмии. Меѓутоа кај среќно мажените жени и кај девојките кои имаат стабилна и искрена љубовна врска нема знаци на артериосклероза“ изјавила Кристина.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|