
|
 |
Здравје / Медицина
|
|
Тинејџерките кои имале сексуално искуство запаѓаат во депресија?
Тинејџерките кои се сексуално активни, има повеќе шанси да западнат во депресија отколку нивните врснички кои не се впуштиле во сексуални односи, покажало истражувањето на американските научници.
 Оваа студија била спроведена врз 14 илјади адолесценти на возраст од 14 до 17 години. Се покажало дека тинејџерките по стапувањето во сексуален однос често чувствуваат кривица поради што им паѓа самодовербата што води во депресија. Нормално испитувањето веднаш предизвикало поделеност на оние кои се залагаат за апстиненција од сексот, првенствено религиите кои истражувањето го пофалиле како револуционерно, и оние кои тврдат дека резултатите добиени во Америка не можат да важат и за остатокот од светот.
Истражувањето покажало дека 19 отсто од девојките на возраст од 14 до 17 години, кои имале сексуален однос покажуваат знаци на депресија, наспроти 9,2 отсто кои и понатаму се девици. Од друга страна, кај машките деца сексуалната активност не е поврзана со менталната состојба, тврдат научниците.
Докторот, Тревор Стамерс, тврди дека новата студија покажува дека голем број на девојки жалат заради прераното влегување во сексуални односи.
“Ова покажува дека во животот на адолесцентите постои цврста врска измеѓу сексот и депресијата. Според моето искуство, за младите девојки депресијата, жалењето и срамот од прераното влегување во сексуални односи се многу чести“ изјавил Стамерс.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|