среда, 05.11.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Здравје / Медицина

Пријателот е подобар од психологот

Луѓе што минуваат низ период на жалост изразуваат увереност дека добиваат поголема помош во разговор со „обични“ луѓе, отколку преку преофесионална здравствена помош.

Ова го покажуваат резултатите од направените интервјуа во Шведска со лица што загубиле блиски роднини, пишува денеска шведскиот дневен весник „Свенска дагбладет“.

Еден шведско-норвешки истражувачки тим преку интервјуа се обидел да добие одговори на прашањето како 19 шведски граѓани се справувале со загубата на еден или повеќе роднини, кои загинале при цунамито во Индискиот Океан во 2004 година.

– Интервјуираните лица потенцираат дека психолозите и психијатрите не покажале разбирање за нивната ситуација и дека се обидувале да им напишат психички дијагнози како објаснувања на процесите кои интервјуираните всушност ги доживувале како природно минување низ период на жалост, вели Арне Ренсфелд, профессор при Каролинскиот институте во Стокхолм.

Споменатиот истражувачки тим сега планира изработка на модел, кој ќе биде презентиран во форма на книга со препораки како да се прифатат луѓе што минуваат низ криза и жалост како последица на катастрофа. Книгата ќе биде достапна во здравството и во пошироката јавност.


Наjновo од Здравје
Целерот непресушен извор на здравје
Како стресот на работа влијае врз здравјето на човекот
Ботоксот продира до мозокот
Генетски модифицирана соја штити од инфаркт
И направиле јазик од ногата
Големината важна и за жените
Со мирис на ванила против гладот
Ќе се изготви карта на мозокот
Го препознава само гласот на Шон Конери?!
Големиот нос му го спасил животот
Промената на времето ризична за срцето
Бизнис со сурогат мајки
Премногу грд за да биде вработен
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Астрономија
detsko zdravje
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи