
|
 |
Здравје / Медицина
|
|
Се повеќе мажи страдаат од анорексија
Британските стручни лица за правилна исхрана во последните пет години бележат пораст кај мажите за дури 67 отсто, највеќе тинејџери, кои страдаат од анорексија, а како главна причина го наведуваат се поголемиот друштвен притисок дека „мажите треба да изгледаа добро“, пишуваат британските весници.
Стручните лица во Велика Британија, прв пат после долгогодишно истражување на анорексијата, во некои подрачја бележат поголем број случаи на заболени мажи, отколку на жени болни од анорексија.
Според истражувањата, мажите сочинуваат повеќе од 5 до 10 отсто од вкупниот број пациенти кои страдаат од проблеми со исхраната.
Но, доктор Хјуберт Лејси, еден од стручњаците во оваа област истакнува дека бројот на заболени мажи е поголем, бидејќи, според него, посилниот пол смета дека анорексијата е „женска болест“ и најчесто при проблем мажите се срамат да се обратат кај доктор.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|