Со звуци до намален крвен притисок
Најчесто решение за намалување на крвниот притисок се апчињата. Меѓутоа постои и друг поедноставен начин -вдишете неколку пати длабоко.
Од друга страна пак група научници дизајнирале аудио релаксирачка програма со звуци создадени од бранови на океан и смирувачки глас со чија помош успеале да го намалат крвниот притисок на група повозрасни луѓе со висок крвен притисок. Резултатите на оваа метода биле подобри отколку во претходните истражувања кога се пуштала музика од Моцарт. Половина од групата слушале 12 минути аудио релаксирачка програма, три пати во неделата, четири месеци, додека пак другата половина, 12 минути ја слушале музиката на Моцарт во истиот временски период. 
Истражувањата биле направени на крвниот притисок и отчукувањата на срцето. Резултатите кај лицата со висок систолен крвен притисок покажале намалување на притисокот за повеќе од 6%, споредено со 5% во групата што ја слушала музиката на Моцарт. Нивото на дијастолниот крвен притисок и отчукувањето на срцето било со слични резултати и во двете групи. 
,, Оваа програма нуди и други начини за справување со хипертензијата, како на пример промена на животниот стил, вежби, диета и управување со стресот″, вели Џеан Танг, главниот автор на оваа студија и асистент на College of Nursing во Seattle University. 
Танг вели дека некои од повозрасните луѓе во аудио релаксирачката програма дури и кога приоѓале со недоверба кон оваа метода, нивниот крвен притисок бил редуциран.
|